Зверев третпат го освои турнирот во Минхен

Германскиот тенисер Александар Зверев го освои АТП турнирот во Минхен, откако денеска во финалето го совлада Американецот Бен Шелтон со 6:2, 6:4. Мечот траеше еден час и 12 минути.

Зверев е третопласиран тенисер во светот, додека Шелтон е на 15. место на АТП листата.

Ова беше втор дуел на германските и американските тенисери, а втор триумф за Зверев, кој третпат во кариерата го освои турнирот во Минхен по 2017 и 2018 година.

Зверев со триумфот во Минхен ја освои 24-та титула во кариерата, а прва годинава.

Шелтон остана на два освоени АТП трофеи. АТП турнирот во Минхен се играше за награден фонд од 2,5 милиони евра.

Се вчитува...