Александар Зверев се пласираше во своето прво финале на еден грен-слем турнир откако го доби дуелот против Новак Ѓоковиќ кој мораше да го предаде мечот поради повреда.
Германскиот тенисер по средбата застана во одбрана на Србинот, а и додаде дека заслужува поголема почит за се што направил за „белиот спорт“.
„Целиот свет мора повеќе да го почитува Новак Ѓоковиќ“, изјави вториот тенисер на светот кој се осврна и кон повредата на Србинот.
„Новак си го знае своето тело како никој друг. Толку е едноставно. Што ќе направи докторот? Знам од неговиот тим, бидејќи разговараввме по мечот, дека пиел таблети против болки. Знам дека го мачела повреда. Ок, ќе викне доктор. Што точно да му каже? Да земе повеќе таблети? Во еден момент ја знаеш границата. Мислам дека едноставно мораме да престанеме да го кривиме Новак. Новак направи апсолутно се што можеше на тениските терени во последните 20 години“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

