Третиот тенисер во светот, Александер Зверев без поголеми проблеми ја мина првата пречка на АТП мастерс турнирот од серијата 1000 кој се игра во кинескиот град, Шангај.
Зверев во второто коло без поголеми проблеми славеше над Италијанецот, Матија Белучи со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-2.
Во третото коло Германецот ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Австралиецот, Џордан Томпсон и Холанѓанецот, Талон Грикспор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА