Вториот тенисер во светот, Александер Зверев со убедлива победа го стартуваше настапот на АТП мастерс 1000 турнирот во Мајами.
Германецот во второто коло беше убедлив против тенисерот од Велика Британија, Џејкоб Фрнли со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-4. Во следната фаза Зверев ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Томпсон и Мпеши Перикард.
Шокантен пораз доживеа 14 тенисер во светот Бен Шелтон кој беше изненаден од 182 тенисер на АТП листата, Чак Лам Вонг од Хонг Конг со 2-1 (7-6, 2-6 и 7-6).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА