Зверев успеа да се извлече од бездна и да стигне до осминафинале на Ролан Гарос

Еден од првите фаворити за освојување на титулата на Ролан Гарос, Александар Зверев во трилер меч успеа некако да слави во третото колово пет сета против Холанѓанецот, Талон Грикспор со 3-2 (3-6, 6-4, 6-3, 4-6 и 7-6).

Иако Холанѓанецот го зема првиот сет со 6-3, веднаш следеше одговор од Зверев кој без поголеми проблеми направи пресврт и поведе со 2-1. И кога сите мислеа дека Зверев брзо ќе ја заврши работата, Холанѓанецот успеа да израмни на 2-2 и да поведе со 4-1 во одлучувачкиот петти сет. Иако имаше два брејка негатива Зверев некако успеа да се извлече од сето тоа и да слави во одлучувачкиот сет во супер тај-брејкот.

Во осминафиналето тој за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Руне и Ковалик.

Се вчитува...