Александар Зверев реши да ангажира тениска легенда за свој тренер, во обид да ја стабилизира својата форма и да почне да атакува на самиот врв на АТП-листата. Германскиот тенисер верува дека во тоа може да му помогне Иван Лендл, со кого од денеска и официјално ја почна соработката, откако во претходните неколку седмици работеше заедно со поранешниот чехословачки ас.
„Добредојде во тимот, Иван Лендл“ – објави Зверев на своите профили на социјалните мрежи, постирајќи фотографија со Лендл и со останатите членови од својот тим.
Иван Лендл пред неколку години му помогна на Енди Мареј да се искачи на врвот на АТП-листата, па останува да се види дали истото ќе може да го повтори и со Зверев.
Прв заеднички предизвик ќе биде настапот на УС Опен, каде Зверев никогаш досега не го минал второто коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА