Бранителот на титулата на АТП финалето во Лондон, Александер Зверев со победа и тоа против Рафаел Надал го почна походот кон одбраната трофејот на завршниот турнир на осумте најдобри тенисери во годината. Зверев славеше во пресметката со првиот тенисер во светот со 2-0 во сетови. За Надал ова е прв пораз по четири месеци. За Зверев ова е прва победа во досегашните шест дуели со Надал.
Зверев комплетно го надигра Надал кој беше во ретко бледо издание. Во воведниот сет му препушти два, а во вториот сет четири гема. Шпанецот немаше ниту една брејк шанса во мечот. Со овој пораз на Надал уште повеќе се засилува битката која тој ја води со Новак Ѓоковиќ за првото место на АТП листата на крајот од годината. Шпанецот нема веќе право на грешка, што е шанса која српскиот тенисер ќе се обиде да ја искористи особено што тој покажа одлично издание во воведната победа против Матео Беретини.
Претходно во оваа конкуренција, турнирот со победа го почна Стефанос Циципас кој забележа победа во два сета против Дмитри Медведев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА