Кошаркарите на Милвоки бакс славеа на гостувањето кај Индијана пејсерс со 131-141. Повторно неверојатна партија во дресот на бакс имаше Јанис Адетокумбо кој натпреварот го заврши со 41 поен, надополнет со дванаесет скока и шест асистенции.
Кај поразените Мајлс Тарнер уфрли 24 поени, додека два помалку додаде Бади Хилд.
Шампионот Голден Стејт вориорс полека, но сигурно влегува во форма. Пред избраниците на Стив Кер синоќа „падна“ Торонто репторс кој во Сан Франциско беше совладан со 129-117. Стеф Кари со 35 поени беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Фред Ванвлит заврши со 28 поени.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Минесота – Мемфис 111-100, Мајами – Орландо 110-105 и Оклахома – Кливленд 112-100.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

