„Ѕверска“ партија на Вестбрук против Лејкерс, Милвоки и се „одмазди“ на Филаделфија (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа пет натпревари. Во дербито на вечерта Хјустон Рокетс нагости го совлада најдобриот тим на Западот, Лос Анџелес Лејкерс со 111-121. Клучна беше играта во одбрана во последниот период во кој Рокетс на „езерџиите“ им дозволија само 18 поени. Расел Вестбрук со 41 поен беше прво име во победничкиот табор, додека Ерик Гордон натпреварот го заврши со 15 поени. Кај Лејкерс единствен расположен беше Ентони Дејвис со 32 поени.

Милвоки Бакс и се реваншираше на Филаделфија 76 за поразот на Божиќ откако ја совлада со 112-101. Освен во првата четвртина во останатиот дел од мечот Бакс беа подобар противник и заслужено стигнаа до нова 44 победа сезонава. „Ѕверска“ партија повторно имаше Јанис Адетокумбо кој мечот го заврши со 36 поени и 20 скока, додека одличен беше и Крис Мидлтон со 20 поени. Кај поразените Тобајас Харис уфрли 25 поени, додека Џоел Ембид мечот го заврши со 19 поени и 11 скока.

Во останатите мечеви Њујорк – Орландо 105-103, Чикаго – Њу Орлеанс 119-125 и Портланд – Сан Антонио 125-117.

Се вчитува...