„Ѕверски“ бројки на Бруно, подобар од Роналдо и од Бекам

Бруно Фернандеш од првиот ден по трансферот од Спортинг Лисабон се наметна како лидер на Манчестер јунајтед. Португалецот одлично се снаоѓа во таа улога, а серијата добри игри ја продолжи и на вчерашното дерби со Тотенхем на кое Фернандеш стрелаше прецизно за конечните 2-0 за „црвените ѓаволи“.

Со овој гол Бруно стигна до 200 придонеси за голови (вкупно голови и асистенции) во дресот на „црвените ѓаволи“, ако се знае дека одличниот плејмејкер веќе има 104 гола и 96 асистенции зад своето име при настапите за Јунатед.

На Фернандеш му беа потребни само 314 натпревари за ова достигнување, само за споредба бројка подобра од Роналдо кој за 339 натпревари стигна до овој „клуб 200 во Јунајтед“ (114 гола и 56 асистенции). Зад Роналдо на оваа листа е и Дејвид Бекам со 393 меча (85 гола и 115 асистенции), а подобар од Фернандеш во оваа категорија е само легендарниот Вејн Руни, кој првите 200 придонеси за голови (133 гола и 67 асистенции) ги оствари за 295 меча во дресот на гигантот од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...