Црвена Звезда без големото засилување Кампацо против Барселона

Црвена Звезда нема да може повторно да смета на новото засилување Факундо Кампацо. Тој нема да игра во петок против Барселона во Евролигата, поради тоа што белградскиот клуб не стигна да го регистрира навреме за настапите во Европа.

Рокот за регистрација истече денеска во 18 часот, а белградските „црвено-бели“ не успеаја да го регистрираат. Клубот од 1. декември има забрана за регистрација на нови играчи, поради тоа Кампацо нема да може да игра на дуелот со Барселона.

Аргентинецот како големо засилување дојде во таборот на Црвена Звезда, но и натаму не играше за овој тим во Евролигата.

Се вчитува...