Звезда е без седум кошаркари за дербито со Партизан

Се е подготвено за големото српско дерби во Евролиата во кои Партизан ќе ја пречека Црвена Звезда во вториот евролигашки дуел на „црно-белите“ по заминувањето на Жељко Обрадовиќ.

„Црно-белите“ ќе бидат без помошта на Покушевски и на Карлик Џонс, но мноу поголеми се проблемите на Саша Обрадовиќ, ако се знае дека стратегот на Црвена Зведа не може да смета на дури седум кошаркари.

Боломбој, Кенан, Риверо и Картер се повредени веќе извесно време, а неодамна на листата на отсутни игрчи се приклучија и Добриќ, Плавшиќ и Јаго дос Сантош.

Добра вест за Обрадовиќ е што барем Чима Монеке ги надмина проблемите со болката во тетивата и ќе може да настапи на вечното дерби.

„Состојбата на Монеке е малку пренагласена. Тој тренираше денеска и ако не дојде до компликации сигурно ќе биде дел од тимот“, прокоментира стратегот на Црвена Звезда.

Се вчитува...