Звезда го победи Партизан, но го загуби Боломбој

Кошаркарите на Црвена звезда го прегазија својот најголем ривал Партизан на домашен терен со 88-72 во српското вечно дерби како дел од 19. коло во Евролигата.

Сепак, по мечот стигнаа катастрофални вести за навивачите на „црвено-белите“. Еден од нивните најдобри кошаркари Џоел Боломбој мораше да го напушти мечот, а по прегледите се докажа дека тој скршил прст на раката.

Сепак, како што пренесуваат од таборот на белградскиот тим иако е скршеница, не се работи за повреда која што ќе го оддалечи одличниот кошаркар долго надвор од терените.

Се вчитува...