Европскиот шампион Фенербахче убедливо ја совлада Црвена звезда во гостувањето во Белград со конечен резултат од 80-63, во рамките од 28. коло во Евро – лигата. Кошаркарите на Жељко Обрадовиќ уште од стартот ја презедоа контролата на мечот, па без поголеми проблеми ја градеа убедливата предност и покрај напорите на домашната екипа. Фенербахче ја забележа 20. победа сезонава и речиси го потврдува второто место на табелата на две кола до крајот на регуларниот дел. Звезда без Бјелица и Дангубиќ едноставно немаше решение против фаворизираните „фенерџии“.
Уште во воведните минути тимот од Истанбул се најде во удобна предност, и така го диктираа темпото се до полувреме (40-31). Третиот период се покажа како клучен откако Фенербахче го освои со 25-10, благодарение на расположениот Али кој реализираше седум тројки за помалку од 30 миунти игра. Звезда во последната четвртина се обиде да ја намали предноста, меѓутоа сето тоа беше недоволно со оглед на преостанатото време.
Мохамед Али постигна половина (7/14) од реализираните шутеви за три на Фенер(14/24), при тоа се истакна како најефикасен во тимот со 25 поени, екс-играчот на „црвено-белите“ Никола Калиниќ придонесе со 10 поени. Дејан Давидовац беше пријатното изненадување на вечерта во тимот на Звезда со 18 поени, четири скока и три асистенции, 10 поени додаде Дилон Енис. Антиќ одигра речиси 15 минути, но без реализација во текот на средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА