Звезда и Динамо Загреб влегуваат во „трка“ за потпис на соиграч на Николов

Црвена Звезда и Динамо Загреб влегуваат во трка за потписот на фудбалерот на Шериф Тираспол, Данило Арболеда. Арболеда посебно се истакна во квалификациите за Лигата на шампионите и тоа токму во натпреварите против српскиот и хрватскиот шампион, а токму против Црвена Звезда постигна и гол.

Останува да се разјасни статусот на Колумбиецот, откако во Молдавија стигна од тамошниот второлигаш Депортиво Пастоа. Арболеда во декември станува слободен играч, што е шанса за балканските гиганти да донесат одлично засилување во борбата во домашните првенства, но и во Европа.

 

 

Се вчитува...