Црвена Звезда стигна до изненадувачки убедлива победа против шпанскиот шампион Басконија, откако во второто коло во Евролигата на домашен терен славеше со убедливи 90-73. Клучни во мечот беа првата и третата четвртина кои белграѓани со вкупен резултат направија разлика од 18 поени. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Џордан Лојд со 30 поени, додека Марко Симоновиќ додаде 16. Кај Басконија единствен расположен беше Рокас Гиедраитис со 26 поени.
Зенит стигна до сензација нанесувајќи и го на Барселона првиот пораз во новата сезона. Русите го добија каталонскиот гигант со 74-70 во еден израмнет натпревар во кој на крајот нијанси го одлучија победникот. Били Берон и Алекс Појтрес со по 16 поени беа најзаслужни за победата на клубот од Санкт Петерсбург, додека кај Барселона Никола Миротиќ натпреварот го заврши со 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА