Ѕвезда на Ливерпул за малку избегнал смрт: „Беше застрашувачко…“

Ѕвездата на англискиот прволугаш Ливерпул Трент Александер-Арнолд наводно избегнал смрт откако излегол неповреден од потенцијално астрашувачкасообраќајна несреќа предизвикана од бурата „Бабет“ во петокот наутро.

Англискиот репрезентативец се возел со својот автомобил кој се судрил со друг во петокот наутро. Според „Сан“, 25-годишниот фудбалер се возел по влажен коловоз во близината на Нкутсфорд, кога одеднаш висок електричен столб бил откорнат од силниот ветер. Арнолд навреме го свртел и сопрел возилото, и столбот паднал врз автомобилот пред него.

Англичанецот во таа ситуација бил немоќен да избегне судар со другото возило. За среќа никој од инцидентот не е повреден.

„Ветарот бил толку силен што одеднаш го откорна столбот. Беше навистина застрашувачко. Вистинско чудо е што никој не е повреден, некој можеше да загине“, вели за „Сан“ извор од местото на несреќата.

Инаку според неофицијалните информации, Арнолд бил многу вознемирен поради инцидентот.

Се вчитува...