Ѕвезда на Реал се сели во Барселона!?

Барселона е заинтересирана за напаѓачот на Реал, Родриго, пишува бразилскиот „Еспорте“.

24-годишниот Родриго не е задоволен од својот статус во Реал и размислува за заминување, а Бразилците објавуваат дека Барселона им кажала на агентите на Родриго дека сакаат да започнат преговори доколку тој одлучи да го напушти Мадрид.

Ретки се трансферите меѓу двата најлути ривали во Шпанија, но Родриго, наводно, нема никаков проблем да ја продолжи својата кариера во Барселона.

Се вчитува...