Поминаа десет години откако осрамотениот фудбалер Адам Џонсон беше испратен во затвор. 38-годишникот останува суспендиран од фудбалот откако беше осуден за сексуален однос со 15-годишна навивачка на Сандерленд и врбување дете, за што беше затворен шест години.
Поранешниот играч на Манчестер Сити, Сандерленд и Мидлсбро беше прогласен за виновен и за други обвинениеја за сексуална активност со дете, а беше ослободен од друго обвинение за истото кривично дело. Тој отслужи половина од казната зад решетки пред да биде условно ослободен во март 2019 година.
За време на неговиот престој во Сити, Џонсон живеел во вила вредна четири и пол милиони евра, која претходно му припаѓала на Кристијано Роналдо, и заработувал 90.000 евра неделно (околу 4,7 милиони евра годишно). Иако се верува дека раниот крај на неговата фудбалска кариера го чинел околу 12 милиони евра во изгубена заработка и договори за спонзорство, тој веќе заработил доволно за да биде финансиски безбеден до крајот на животот.
По затворот, некако го обнови својот живот со помош на неговата партнерка Стејси Флаундерс, мајка на неговите две деца. Таа првично беше покрај Џонсон за време на судењето, а потоа го напушти. Сепак, за време на пандемијата, тие повторно се смирија и се населиле на североистокот од Англија.
Adam Johnson’s ex Stacey Flounders is seen for first time since her major interview https://t.co/UMNr9v6dF1 pic.twitter.com/KGhJID3YXz
— Siglov Freudivan (@DerangedRadio) March 11, 2019
Откако претходно живееле во куќа со шест спални соби вредна два милиони евра во затворена заедница, тие се преселиле во поскромен дом вреден 540.000 евра, но сепак живеат удобен живот. Џонсон не работи и често може да се види како игра голф во локален клуб.
Неименуван член на семејството изјави за Дејли Меил дека нивниот начин на живот му помогнал на Флаундерс да ги надмине сомнежите за нивната врска.
„Парите сигурно одиграле улога. Тој не работел откако ја заврши фудбалската кариера. Заштедил доволно пари за време на неговата играчка кариера за да можат да живеат многу добро без грижи. Тие имаат убав живот, на децата нема да им недостига ништо.“
„Сосема просечен човек“
Тетката на Џонсон, Ирена Велш, го опишала како „среќен“ и рекла дека „е зафатен и има многу пријатели“. Тој е виден и во локалните пабови, а мештаните го опишуваат како „прилично просечен“.
„Го видов тука неколку пати оттогаш, најчесто со неговото семејство, и изгледа како сосема нормален човек“.
Поранешен соиграч денес го опиша како „типичен татко“ со ново чувство на „мир и прифаќање“. Додаде дека „конечно е скротен“. Заслугата и припаѓа на Флаундерс, поранешна стјуардеса. Таа не веруваше дека е педофил и изјави за „Мејл“ во 2019 година дека е зависник од секс.
„Искрено, не го гледам така. За мене, педофил е некој што злоупотребува многу мали деца. Мислам дека бил само зависник од секс. Ми рече дека е зависник од секс, и поради тоа се навлече во проблеми“ – рече тогаш Стејси.
За тоа зошто останала со Џонсон, школската другарка на Стејси Флаундерс изјави за „Дејли Мејл“…
„Откако беше ослободен, не изгледаше дека ќе се врати во нормален живот, но пандемијата започна една година по неговото ослободување и тоа постепено ги промени работите. Тој беше желен да го надомести изгубеното време со својата ќерка, бидејќи за време на нејзиното детство тој беше во затвор. Беше навистина посветен, за да можат повторно да се обидат. Сега имаат второ дете и се навистина среќно семејство.“
И покрај тоа што лобираше по разни клубови на Островот да потпише договор, Џонсон не успеа да ја оживее својата кариера. Сега, во доцните триесетти години, малку е веројатно дека некогаш повторно ќе го видиме во фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

