Звезда по продолженија подобра од Монако, Басконија го шокираше шампионот

Кошаркарите на Црвена звезда продолжуваат со одличните партии сезонава во Евролигата. Тие вечерва на домашен терен во трилер меч по продолженија славеа против Монако со 88-82.

Двете екипи си поделија по две четвртини, па најреално беше победникот да биде одлучен по продолженија. Таму домаќините подобро се снајдоа за конечен триумф од 88-82. Филип Петрушев со 29 поени беше убедливо најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Блосомгејм постигна 16 поени.

Басконија успеа да го шокира европскиот првак Панатинаикос добивајќи го со 91-77, додека Фенербахче славеше над Жалгирис со 98-86. Во останатите два меча: Баерн Минхен – Вирутс Болоња 72-82 и Барселона – Анадолу Ефес 90-80.

Се вчитува...