Црвена Звезда и натаму останува единствениот непоразен тим во АБА лигата откако го доби големото српско дерби против градскиот ривал Партизан со 77-71 во првата сезонска пресметка во регионалното натпреварување.
Партизан беше подобар противник во првото полувреме, а победникот беше решен во третата четвртина во која „црно-белите“ имаа дури осум загубени топки, ситуација која Звезда ја искористи за да го сврти резултатот во своја корист.
Стратос Перпероглу беше најефикасен во победничкиот тим со 25 поени, Џо Регленд постигна 19. Кај Партизан, Џок Лендејл имаше 18 поени, по 12 постигнаа Банџа Си и Маркус Пејџ.
Девет победи во девет одиграни кола за сигурно лидерско место на табелата има Црвена Звезда, додека Партизан е четвртопласиран со ефект 4/5.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА