До интересна ситуација се дојде во европската кошарка, поради само едно засилување. И тоа за играч кој никогаш не зарвши во Црвена звезда.
Како што објави грчкиот новинар Христос Калтас, дошло до сериозна пресметка меѓу Хапоел Тев Авив и Црвена звезда.
Имено, според неговите информации, Звезда се обидела да го доведе Џонатан Мотли без да преговара со Хапоел. Ова беше оценето како нефер однесување, а следеше одмаздата на Израелците.
Хапоел реши да „мавне со милиони“ и да упати баснословна понуда до секој играч на Звезда да си замине од Белград. Минатото лето Мотли го напушти Фенербахче и стана член на Хапоел кој сака да го освои Еврокупот и со тоа да влезе во Евролигата.
Токму затоа Хапоел направи серија големи засилувања, но Звезда сакаше да го доведе Мотли. Имено, црвено-белиот тим го контактирал играчот без дозвола на израелскиот клуб. Така израелскиот клуб упати понуди до сите, но буквално сите играчи на Звезда веднаш да си заминат од Белград. На сите им биле понудени повеќе пари отколку што моментално добиваат во главниот град на Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА