Кошаркарот на Црвена Звезда, Лук Вилдоза имаше импресивен настап во Евролигата во месец декември кој му го донесе и признанието за најкорисен играч на натпреварувањето. Со тоа Аргентинецот стана само вториот кошаркар на белградскиот гигант кој успеал да стигне до оваа награда по Огњен Кузмиќ во 2017 година.
Аргентинскиот репрезентативец настапи на шест натпревари во декември, а му помогна на својот тим да стигне до биланс од четири победи и два порази, но мораше да го напушти теренот по само неколку минути во последниот меч против Барселона.
Тој е само третиот аргентински кошаркар кој ја добил оваа награда по Луис Скола во декември 2006 година и Факундо Кампацо во април 2019 година.
Вилдоза се повреди на последниот натпревар со Барселона и ќе отсуствува еден месец од терените, меѓу другото пропуштајќи го и гостувањето против МЗТ Скопје во рамките од АБА1 лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА