Ѕвездата на Баер Леверкузен му се приклучува на Роналдо во Саудиска Арабија

Еден од најдобрите фудбалери на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс е мета на саудискиот клуб Ал Наср за кој настапува и Кристијано Роналдо. Раководството на клубот е веќе во Германија каде преговара за трансфер на 24-годишникот.

Нигериецот стана дел од „фармацевтите“ во 2023 година од редовите на белгискиот Унион и веднаш се наметна во тимот. Претходната сезона беше прогласен за најдобар новајлија во Бундеслигата.

За Баер Леверкузен одигра 49 натпревари и постигна 29 голови. Неговиот договор со Германците е со важност до 30. јуни 2028 година па се очекува да биде издвоена голема сума за неговите услуги.

Се вчитува...