Ѕвездата на Баерн го одби Ливерпул и сака трансфер во Саудиска Арабија

После речиси една деценија мината во дресот на Баерн Минхен, францускиот фудбалер Кингсли Коман бара нов предизвик во кариерата. „Баварците“ се решени да го продадат 28-годишниот крилен фудбалер, и тоа ќе се случи ова лето.

Спортскиот директор на тимот Макс Еберл, ќе мора да продава да ги намали трошоците за плати, затоа што најтрофејниот тим сака да заштеди пари за да го доведе Флоријан Вирц во своите редови.

Затоа е решено Коман да го напушти клубот, и тоа за сума од 30 до 40 милиони евра. Баерн би заштедил и на неговата плата која е 17-18 милиони евра бруто годишно.

Ливерпул го сакаше Коман како замена за Мохамед Салах, но според германските медиуми, напаѓачот веќе побарал трансфер во Саудиска Арабија. Најблиску до неговите услуги е Ал Хилал, кој е заинтересиран за неговите услуги.

Во текот на кариерата, Коман играше и за ПСЖ и Баерн Минхен. Ги освои сите можни трофеи, а за „Баварците“ одигра 327 натпревари и постигна 69 гола и 66 асистенции.

Се вчитува...