„Ѕвездата“ на Барселона е на чекор до Партизан

Барселона минатото лето го „украде“ најдобриот кошаркар на Партизан, Кевин Пантер, а новиот првак на АБА-лигата сега се подготвува да му возврати со иста мера на каталонскиот гигант.

Џабари Паркер е кошаркарот кој се наоѓа во фокусот на вниманието на Жељко Обрадовиќ и управата на Партизан, откако крилниот кошаркар веќе најавил дека нема да потпише нов договор со Барселона и е подготвен да ги смени клупските бои летово. Паркер беше еден од најдобрите играчи на Барса минатата сезона, поентер со реноме кого само повредите го спречија да има блескава НБА-кариера, а во Партизан се убедени дека токму тој е алката што недостига за овој тим повторно да атакува на висок пласман во Евролигата.

Олимпија Милано исто така се интересираше за Паркер гледајќи во него квалитетна замена за Никола Миротиќ (се наоѓа пред потпис со Монако), но последните информации говорат дека Партизан е лидер во трката за потписот на Американецот на Барса.

Се вчитува...