Ѕвездата на Барселона „дивееше“ на клупата поради тоа што не влезе во игра (ВИДЕО)

Крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати беше изневиран од одлуката на тренерот Ханс Флик да не му даде шанса да игра против Селта во шпанската Ла Лига.

Фати во еден момент шутна шише со вода, откако увиде дека нема да добие шанса за настап на споменатиот меч, кој заврши со 4-3 во корист на „Каталонците“.

Ова значи само едно, дека дефинитивно Фати во престојниот летен преоден рок ќе ги напушти „Каталонците“. Беше најавуван како наследник на Меси, но ниту одблиску не е тоа, а беше позајмен и во Брајтон. Барса сакаше да го позајми уште во јануари, но тој одби позајмица со желба да се бори за место во каталонскиот гигант.

Се вчитува...