Ѕвездата на Челси на „мета“ на Реал Мадрид

Реал Мадрид и неговиот тренер Карло Анчелоти избраа нов играч кој планираат да го доведат на „Сантијаго Бернабеу“ следното лето. Тоа би требало да биде новиот најскап трансфер на англиски фудбалер.

Челси ќе се бори да го задржи 22-годишниот Кол Палмер бидејќи Карло Анчелоти побара од челниците на Реал да го доведат на „Сантијаго Бернабеу“ следното лето. Палмер пристигна во Челси летото 2023 година за околу 50 милиони евра, откако Пеп Гвардиола го одби во Манчестер Сити, и покрај тоа што Палмер дојде преку младинската академија на Сити.

Потегот на Гвардиола се покажа како грешка, а тоа го потврдува и Палмер на теренот. Оваа сезона тој веќе постигна шест гола и забележа пет асистенции на девет натпревари. Од доаѓањето во Лондон постигна 31 гол и 20 асистенции што го вбројува меѓу најдобрите играчи во Премиерлигата. Палмер главно игра како офанзивен играч за врска, но се истакнува и на крилните позиции и како напаѓач.

Се вчитува...