„Ѕвездата“ на Челси во љубовен триаголник со Ванда Нара?!

Капитенот на Челси, Енцо Фернандез, се најде во центарот на скандал во татковината откако аргентинските медиуми објавија дека одличниот фудбалер е дел од љубовен триаголник со познатата Ванда Нара, поранешна сопруга на напаѓачите Макси Лопез и на Мауро Икарди.

Нара пред повеќе од една година почна бракоазводна постапка од Икарди и моментно води војна со голгетерот на Галатасај околу поделбата на имотот, а во меѓувреме му фрлила око на асот на Челси кој воедно е и стандарден аргентински репрезентативец.

Како што јавуваат аргентинските медиуми, токму Ванда го започнала флертот со Фернандез, комуникацијата продолжила со пораки,  а дошло и до средба меѓу фудбалерот и поранешната манекенка. Според истите информации, за врската дознала и Валентина Сервантес која му е долгогодишна девојка на Енцо и била бесна од случката.

Засега нема официјална потврда за овој „љубовен триаголник“, но кога е во прашање Ванда Нара и познат фудбалер, нема да биде никакво изненадување ако шпекулациите се покажат вистинити.

Се вчитува...