Ѕвездата на Фенербахче се враќа во НБА лигата

Доскорешниот кошаркар на Фенербахче, Најџел Хејс-Дејвис се пресели во Феникс, објави синоќа ЕСПН.

Најкорисниот играч (МВП) на овогодинешниот фајналфор на Евролигата потпиша едногодишен договор со Санс.

Хејс-Дејвис (30) освои титули во Евролигата, Купот на Турција и Турската лига во неодамна завршената сезона со Фенербахче.

Во сезоната 2024/25 тој беше избран по втор пат во кариерата во идеалната петорка на Евролигата, откако во регуларниот дел имаше просек од 16,7 поени, 5,3 скока и 1,7 асистенции, шутирајќи 49,8 отсто за два поени, 41 отсто за три поени и 90,8 отсто од слободни фрлања.

Се вчитува...