Ѕвездата на Интер ги „откачи“ Африканците: Ќе чека повик од Франција

Младиот напаѓач на Интер, Јоан-Анже Бони ја отфрли можноста во иднина да настапува за селекцијата на Брегот на Слоновата коска, која наводно му понудила да игра за оваа селекција. Доскорашниот напаѓач на Парма сака да игра само за Франција.

Бони има настапи за младите селекции на „триколорите“, односно до 19, 20 и 21 година, а сега очекува повик и за сениорите. 22-годишниот напаѓач е роден во Франција, но има потекло од Брегот на Слоновата коска.

Сепак, конкуренцијата во сениорскиот тим е голема, со оглед дека тука е пред се Килијан Мбапе, потоа за нападот конкурираат Нкунку, Екитике, Черки, Матета, Бакола, Турам, Дембеле, Коло Муани, Дуе…

Се вчитува...