Стоперот на Интер, Алесандро Бастони упати пофални зборови кон младата ѕвезда на Барселона и шпанскиот фудбал Ламин Јамал откако одигра два неверојатни натпревари против овој противник.
Полуфиналето од Лигата на Шампионите донесе спектакуларен двомеч помеѓу Интер и Барселона по што Бастони се огласи на социјалните мрежи.
„Сега почнувам да сфаќам кков неверојатен подвиг направивме во вторникот. Напорот кој го вложивме на теренот беше огромен и се се исплатеше. И повеќе од тоа со незаборавната енергија на нашите навивачи. Благодарен сум до секој соиграч. Духот, гладта, срцето. Што се борам покрај вас вредеше секоја жртва која ја дадов уште од дете. Почит и кон противниците, покажавте неверојатна сила и срце.
Посебен спомен имам за еден застрашувачко добар дечко. Ламин Јамал, ти си чудовиште. За сите интернисти, се гледаме во Минхен. Ви благодарам за се“, напиша Бастони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

