Ѕвездата на Израел по натпреварот со Косово: Ова е свињарник, а не фудбалски терен

Фудбалерите на Косово ги задржаа шансите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија откако славеа во одложениот натпревар против Израел со 1-0 на домашен терен, во натпревар во кој победата ја донесе Милот Рашица.

Натпреварот беше одигра на катастрофален терен кој го критикуваше и најголемата ѕвезда на Израел, Еран Захави кој со 33 постигнати голови е најдобриот стрелец во историјата на израелската репрезентација.

„Ова е поголем свињарник отколку фудбалски терен. Знаевме дека нема да биде лесно во такви околности и не земавме ни бод. Ќе дадеме се од себе против Романија и Швајцарија, шансите не ни се намалија. Вечерва не игравме фудбал. Ние сме навикнати на нормални услови за игра. Беше тешко да направиш и едноставни работи“, изјави Захави.

Се вчитува...