Ѕвездата на Јапонија поради тешка повреда го пропушта Светското првенство

Фудбалерот на Монако и репрезентативец на Јапонија, Такуми Минамино заработи тешка повреда на коленото на натпреварот против Оксер во францускиот Куп и извесно е дека нема да биде дел од престојното Светско првенство кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Минамино заработи пукнатина на предниот вкрстен лигамент на левото колено и сега го чека операција и долга рехабилитација.

Минамино досега настапи на 73 натпревари за Јапонија и постигна 26 голови.

Се вчитува...