Ѕвездата на Ливерпул одбива нов договор, влијае и интересот од Реал Мадрид

Ливерпул се соочува со проблем да го задржи еден од клучните фудбалери, Тренет Александер Арнолд со оглед на тоа што неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а првичните преговори за нов договор беа неуспешни.

Александер Арнолд е еден од најважните фудбалери во тимот на Арни Слот и неговото задржување на „Енфилд“ е приоритет за премиерлигашот,  но проблем на „црвните“ им прави и интересот на Реал Мадрид.

Дваесетипетгодишникот е мета и на „кралскиот клуб“ кој веќе го инфомирал агентот на левиот бек дека доколку премине во Мадрид ќе има стандардно место во тимот.

Во јануари англискиот репрезентативец ќе биде слободен да преговара со заинтересираните страни, но раководстовто на Ливерпул се надева дека ќе ја продолжи верноста која трае од 2016 година, потпишувајќи нов договор пред крајот на 2024 година.

Се вчитува...