Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Коби Мајнo побара огромно зголемување на платата за да потпише нов договор со клубот, откри TribalFootball. 19-годишниот талент бара неговата плата да се зголеми десеткратно од она што моментално го добива.
Актуелниот договор на Мајнo е до 2027 година. Платата што ја зема е во висина од 20 илјади. фунти неделно. Клубот сака да го обврзе долгорочно и да му го зголеми надоместокот. Но, не до 200.000 што ги бара играчот.
Играчот од средниот ред е клучен играч за Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец. Сепак, ваквото зголемување е нереално за 19-годишен играч кој се уште не го достигнал целиот свој потенцијал. Тоа е уште повеќе во моменталната ситуација на „Олд Трафорд“ во кој клубот нема неограничени финансии.
Во меѓувреме, Челси внимателно ја следи ситуацијата и може да се обиде да ја искористи доколку односот помеѓу Мајно и Манчестер Јунајтед се расипе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА