Американската глумица Сидни Свини која често е на насловната страна на светските медиуми неодамна се појави и во светот на фудбалот поради гласина дека е во врска со фудбалерот на Милан, Кристијан Пулишиќ.
Американецот со балканско потекло сепак ги негираше овие гласини со објава на социјалните мрежи каде целата ја означи како лажна вест.
„Престанете да измислувате приказни за мојот приватен живот. Тие кои што шират вакви трачеви треба да снесат одговорност бидејќи тоа може да влијае на живот на луѓето“, напиша Пулишиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

