Ѕвездата на Наполи добива три пати поголема плата

Ѕвездата на Наполи, Квиша Кваратшкелиа кој претходната сезона на 43 одиграни натпревари постигна 14 голови и асистираше 17 пати до соиграчите притоа предводејќи го неаполскиот клуб во титулата во Серија А по 33 година пауза добива продолжување на договорот до 2028 година.

Со истиот платата на Грузиецот ќе се зголеми за три пати односно ќе изнесува нешто над три милиони евра по сезона со што ќе стане четвртиот најплатен фудбалер во тимот по Осимен, Лозона и Зиелински.

Како потсетување, Кваратшкелиа го засили Наполи минатото лето во трансфер вреден 11.5 милиони евра од Динамо Батуми, а со добрите настапи веќе го доби прекарот „Кварадона“ и го примами интересот од европските гиганти.

Се вчитува...