Судот на Канарските Острови отвори кривична постапка против дефанзивецот на Реал Мадрид, Раул Асенсио. Покрај него, во постапката се прифатени и негови поранешни соиграчи од младинскиот тим на „кралевите“.
Фудбалерите се обвинети за снимање и дистрибуција на видео со порнографска содржина на кое се појавува малолетно девојче без нејзина согласност. Покрај Асенсио, обвиненија се покренати и против Андрес Гарсија, Хуан Родригез и Феран Руиз.
Инцидентот се случил во 2023 година. Според мајката на жртвата, еден од играчите снимал видео со нејзината 16-годишна ќерка, а потоа го дистрибуирал преку социјалните мрежи.
Асенсио дебитираше во тимот на Реал во 2024 година. Оваа сезона 22-годишниот стопер одигра 51 меч во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

