Ѕвездата на Реал призна дека не зборува со Анчелоти

Ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар во својот последен разговор за шпанските медиуми, открива дека неговиот однос со Карло Анчелоти е целосно нарушен.

Белгискиот фудбалер откако стигна во Реал Мадрид, кариерата му тргна во пад, па никако не успева да влезе во вистинската форма. Овој играч призна дека е фрустриран поради слабата минутажа, но истакна дека има ладен однос со Анчелоти.

Азар нема одиграно ниту една минута во Реал во Ла Лига или во ЛШ по СП 2022 во Катар.

„Постои почит меѓу мене и Анчелоти. Но нема да кажам дека разговараме еден со друг, затоа што не разговараме. Но, почит мора да има. Мора да имам почит кон таква личност. За она што тој го направи во својата кариера“, изјави Азар.

Се вчитува...