Ѕвездата на Сити брутално искрена: Играме како тим до 15 години

Манчестер Сити пропушти убава шанса да им се врати на победите во Премиерлигата губејќи во дербито против Манчестер Јунајтед со 1-2  и тоа по целосен пресврт на гостите за две минути игра откако „граѓаните“ беа оние кои доминираа 88 минути.

По поразот критичен беше Бернардо Силва, ѕвездата на Манчестер Сити кој изјави дека во моменти тимот игра младински фудбал.

„Заслужуваме ова да ни се случува. На ова ниво, еден или два натпревари можат да бидат несреќа, но, т не и десет. Дерби, 87. минута, водиме 1-0 и наш корнер го претвараме во пенал за нив. Ако правиш такви глупави грешки три, четири минути пред крајот тогаш заслужуваш да платиш за нив. Само еден тим може да победи на крајот, а тоа не бевме ние.

Не беше само овој натпревар, ни се случува често во последните натпревари. Мораме да се погледнеме во огледало и сфативме дека не станува збор за несреќен случај, туку во одлуките кои ги носиме. Во последните минути игравме како тим до 15 години“, изјави Силва.

Се вчитува...