„Ѕвездата“ на Тотенхем отпадна од комбинација за мечот со Македонија

Герет Саутгејт се соочи со првиот проблем пред завршниот циклус од квалификациите за ЕВРО 2024, откако англискиот селектор остана без услугите на Џејмс Медисон за натпреварите со Македонија и со Малта.

Плејмејкерот на Тотенхем се повреди во првото полувреме од градското дерби против Челси, тој се најде на списокот на Саутгејт, но откако му беа извршени прегледи во репрезентативниот камп беше одлучено веднаш да се врати во клубот и да ја почне рехабилитациската програма.

Паузата на Медисон од фудбалските терени не e обелоденета во јавноста, но тој дефинитивно ќе го пропушти утрешниот дуел со Вулверхемптон во Премиер-лигата, последен меч за „спарси“ пред репрезентативната пауза.

Се вчитува...