Ѕвездата на Тотенхем, Ив Бисума за кој лондонскиот тим во 2022 година издвои 30 милиони евра се соочува со огромен проблем пред почетокот на новата сезона во Премиерлигата.
Имено, тој на својот профил на социјалната мрежа „Снепчет“ постави видео како во луксузна лимузина вдишува азотен оксид, познат повеќе како гас за смеење, видео поради кое сигурно ќе добие парична казна, а му се заканува и казна од две години во затвор.
Гасот за смеење со намера за користење за забава е забранат за користење од претходната година во Велика Британија и поради тоа Малиецот ќе има сериозни проблеми, не само со правосудството, туку и со неговиот клуб.
Бисума се извини за несаканиот инцидент, а од таборот на Тотенхем изјавија дека интерно ќе го решат проблемот.
Ова не е прв пат Бисума да се најде во центарот на вниманието ова лето за причини надвор од фудбалот. Тој беше и мета на крадци кои го ограбија пред неговиот автомобил откако се враќал од ноќен клуб во четири наутро во Кан. Тогаш остана без часовникот вреден 300 илјади евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА