Ветено – остварено! Македонската селекција се чини го одигра најдобриот свој натпревар во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2020, заокружен и со посакуваниот триумф кој не остава во трката за водечките две позиции во Групата Г.
Блеснаа на „Тодор Проевски“ вечерва Горан Пандев, Елиф Елмас, Аријан Адеми, Бобан Николов… и останатите, кои демонстрираа квалитет кој ветува пеколен финиш на актуелните квалификации… Сето тоа за радост на околу 20.000 навивачи на нашиот најголем стадион кои, како никогаш досега, со безрезервна поддршка за македонската репрезентација!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА