Ѕвезди со меко срце: Заха, Роналдо, Мата, Салах,Озил, донираат огромни суми за хуманитарни цели

Најголемите фудбалски ѕвезди заработуваа огромни суми од кои обичните луѓе добиваат вртоглавици. Иако за најголемиот дел од нив вообичаено е да бидат во медиумите поради скапите автомобили, луксузните одмори и убавите девојки, има и такви кои јавно или приватно донираат високи суми за хуманитарни цели.

Вилфред Заха деновиве го привлече вниманието на светската јавност откако го доби признаинето „Best of Africa“ за филантропски достигнувања. Поради оваа награда всушност стана познато дека Заха донира 10 проценти од месечната плата во хуманитарни цели во неговата родна земја, Брегот на Слоновата Коска. Дополнително тој се грижи и за детскиот дом кој го раководи неговата сестра.

Хуан Мата отиде и чекор понапред. Тој не само што ја отвори организацијата „Заедничка цел“ туку и активно убедува фудбалери да му се приклучат. Од 2017-та година тој регрутираше 122 фудбалери и меаџери кои месечно даваат по еден процент од примањата за хуманитарни цели. Мата е вклучен и во неколку оргнизации каде што помага во работата со децата.

Кристијано Роналдо во многу наврати ја потврдуваше хумноста. Во 2105 година беше прогласен за најхумана спортска личност. Бонусот што во 2013 го доби како дел од УЕФА тимот на годината го донираше на Црвениот крст. Годината претходно, бонусот од Реал Мадрид од 450.000 фунти, добиен за титулата во Лигата на шампионите, го донираше на хуманитарни организации. Тој е амбасадор на многу хуманитарни организации како „Спасете ги децата“ и УНИЦЕФ.

Мохамед Салах влегува во редот на хуманитарно најактивните. Тој формираше фонадација која помага на 450 фамилии давајќи им месечен приход, донираше 23.000 фунти за помош на поранеши фудбалери од неговата земја. Даде 234.000 фунти на владата во Египет во 2017 за време на финансиската криза во државата, а летово донирал 2,5 милиони фунти на Националниот институт за канцер по терористичките напади во Каиро.

Месут Озил во 2014 година кога со Германија ја освои светската титула на Мундијалот во Бразил даде 237 000 фунти со кои ги покри болничките трошоци на 23 бразилски деца. Џермејн Дефо беше одликуван од англиската кралица за работата во фондацијата со која им помага на децата до тешкотии на Карибите. Тој вниманието на јавноста дополнително го привлече поради пријателството со болното детенце Бредли Лоури.

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...