Ѕвездите донираат, потрагата по Емилијано Сала продолжува

Потрагата по аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала и пилотот кои беа во исчезнатиот авион на кобниот лет кон Кардиф продолжува благодарение на големите донации на фудбалските ѕвезди ширум светот. Семејството замоли да се формира приватен фонд, а ѕвездите веднаш донираа средства за да продолжи потрагата по Сала.

Аргентинците Лионел Меси, Николас Отаменди, Гонзало Игуаин први побараа да се продолжи со приватна потрага на авионот, а на иницијативата за донации се приклучија и многу негови поранешни соиграчи. Француските медиуми откриваат дека младата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе, донирал 30.000 евра, а досега се собрани околу 300.000 евра. Семејството и пријателите се надеваат на чудо, дека Емилијано Сала се уште е жив, иако британската полиција ја откажа потрагата пред два дена.

Новата потрага вклучува и бродови, кои веднаш испловиле и се вклучиле во акцијата.

Се вчитува...