Нигерија стигна до бронзениот медал на Африканскиот куп на нации откако по пенал-рулетот славеше со минимални 1-0 против Египет.
Регуларниот дел од натпреварот заврши без постигнат гол откако претходно ВАР го поништи погодоците на Џеред и Лукман поради прекршок, односно офсјад па победникот беше одлучен во пенал-рулетот.
Деле-Баширу и Салах промашија во првата серија за Нигерја и Египет, додека Адамс беше сигурен во втората за разлика од Мармуш кој не успеа во својот обид. Сајмон ја зголеми предноста на Нигериците, но веднаш по него успешен беше и Рабиа.
Ивоби и Сабер реализираа во третата серија, но Лукман не дозволи никакво изненадување, мирно реализираше во клучниот обид од белата точка и стави крај на драмата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

