Поранешниот хрватски репрезентативец Звонимир Бобан, кој во изминативе две години ја извршува функцијата на главен советник на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино на свеченоста во Дубаи доби награда за посебни достигнувања во фудбалот.
На доделувањето на наградите Бобан го откри и најголемиот „проблем“ што го има со Инфантино…
„Дали сум подобар на терен или надвор од него? Морам да признаам дека уживам во оваа работа, но јас сепак, би се опишал како фудбалер. Што се однесува до Инфантино, имаме одлична соработка, ама имам еден голем проблем со него. Тој е навивач на Интер, никој не е совршен“ – рече поранешниот фудбалер на Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА