Звучи нереално: Дефанзивец на Барселона бара да оди во Жирона

Одбранбениот играч на Барселона, Ерик Гарсија му соопштил на тренерот Чави дека сака да го напушти тимот и да замине на позајмица во Жирона. Поранешниот играч на Манчестер Сити побарал поголема минутажа, и затоа сака да го напушти клубот и да го смени со друг во Каталонија.

Чави не сака да се раздели со стоперот, и ќе го убедува да остане. Но, ќе мора во тој случај да му гарантира поголема минутажа. Тренерот го гледа како важен играч во одбраната.

Исто така Барселона не сака да се откаже од него, затоа што неговото заминување нема да ја реши финансискиот проблем кој во моментов го имаат „Каталонците“.

Се вчитува...