Поранешниот младински репрезентативец и член на неколку клубови Петар Петковски, е новото име во битолски Пелистер. Крилниот фудбалер доаѓа во Битола од тимот на Конкордија каде настапуваше во последните шест месеци. Претходно беше дел од Работнички.
28-годишниот Петковски во својата кареира играше во Вардар, од младинските тимови па се до сениорите, а потоа во 2018 година прави трансфер во Работнички. Во 2021 година заминува во Ботошани од Романија, а потоа во Конкордија, од каде се враќа во Работнички, па одново прави „кам-бек“ во Конкордија.
Петкорвкси настапуваше за сите помлади селекции на Македонија, а за селекцијата до 21 година има 11 настапи и два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

